• Сподели на:

Зимски beauty проблеми и решенија

___

Зимата баш и не е годишен период кога сме најубави, затоа што во студените денови треба да водиме повеќе грижа за својот изглед и нега.

Наелектризирана коса – Штом ќе ја изввадите капата косата ви лета на сите страни. Тоа ќе го решите така што, пред излегување од дома на дланките испрскате малку лак за коса и со нив да пројдете низ косата.

Нос кој се лупи – Тешко е да се избегне кивавица, а уште повеќе кога кожата на носот ви се лупи. Редовно правете пилинг, носот мачкајте го со хранлива крема и користете меки марамчиња.

Сива и безживотна кожа – Ако кожата ви изгледа заморна и сива, спасот е во хајлајтерот. Ставете го високо на јаболкниците, испод веѓите и во аголот на очите и тоа ќе ви стане ваш омилен beauty трик.

Заплеткана коса – Девојките со долга коса знаат каков е проблемот кој може да настане поради шаловите и капите. Набавете регенератор за суво нанесување или спреј за расчешлување, а кога ќе можете косата носете ја со високо опавче, пунџа или во плетенки.


Оставете коментар

___