• Сподели на:

Совети за совршена шминка на работа

___

За да останете убаво нашминкана во текот на целиот ден, пратете ги овие неколку совети и тоа нема да биде никаков проблем.

Течна пудра – Пред сенката и руменилото, на лицето нанесете течна пудра, но не било каква. Важна е нијансата но и составот. Важно е пред течната пудра да нанесете хидратантна крема. Со хидратантната крема и течната пудра сенката и руменилото на вашето лице ќе биде постојано.

Коректор – Подочницитеиспуканите капилари и други неправилности на кожата прекријте ги со коректор.  Важно е добро да се натапка додека неговата нијанса не се изедначи со подлогата.

Молив за очи и усни – Моливот за очи и молив за усни помага во постојаноста на карминот на усните и сенката. Пред ставање капки сенка добро би било да се премачка со молив за очи, сива или со боја на кожата. Со моливот за усни можете да ги обоите и целосно усните, а потоа можете да нанесете и тенок слој сјај за усни.

Пудра во прав – Следен чекор е пудрата во прав која ја фиксира шминката која до сега сте ја нанеле. Пудрата се нанесува со голема четка.

Сенка – За работниот ден најдобри се неутралните бои на сенка, особено светлосивата и светлокафена која под силно вештачко светло одлично ги истакнуваат очите.

Кармин за усни – Се препорачува да се користат квалитетни долготрајни кармини. Светлите кармини треба да ги нанесувате со четкичка, а по класичниот кармин доближете хартиена марамица, па потоасо четка преку марамицата нанесете малку пудра во прав па потоа отстранете ја марамицата.


Оставете коментар

___