• Сподели на:

Шминката мора редовно да ја менувате!

___

Кога ќе го погледнете во својот несесер сваќате дека е полн со шминки и тука има доста кои вжповеќе не ги ни користите. Ако не сте знаеле, шминката мора редовно да ја менувате, бидејки и таа има рок на траење. Старата шминка може да наштети на вашето лице повеќе отколку што мислите.

Ако редовно ги фрлате кутиите во кои обично стои шминката, сигурно не знаете до кога им е рокот на траење. Кога е во прашање течната пудра, таа мора да ја менувате на година дена од отворањето, бидејки повеќето се на база на вода. Течната пудра која е на база на масло може да трае повеќе, но и таа би било препорачливо да ја менувате на година ипол од отварањето.

Маскарата би требало да ја менувате на 3 месеци од отварањето, па затоа купувајте некоја поефтина маскара. Доколку маскарата го променила мирисот, тоа е знак дека веќе треба да ја промените.

Тушот за очи исто така има краток век на траење и ако се исушил или ако се згуснал тогаш купете нов. Не се исплати да се ризикува.

Карминот за усни се менува исто на 1 годин, но ако приметите дека ја променил текстурата, бојата или мирисот тоа е знак дека повеќе не треба да го користите.

Сенката за очи може да трае една година од отварањето, ако станува збор за кремаста сенка. Ако е сенка за очи во прав тие можат да траат и околу 2 години.


Оставете коментар

___