Најсигурен и најефикасен начин до совршени нозе се вежбите и негата на кожата на нозете. Доколку сакате да го постигнете ова потребно е само цврста волја и да се решите на секојдневни вежби. Освен тоа треба да внимавате и на следново:
Влакна
Нозете за да изгледаат убаво и негувано, неопходно е да бидат мазни без влакна. Тоа барем во денешно време не е тешко при толку многу пепарати за отстранување на несаканите влакна.
Целулит
Целулитот е голем непријател на нозете. За да го отстраните треба напорна работа. Вежбање, исхрана, креми, масажи… Целулитот не може да го снема за една недела, затоа започнете со време да работите на случајот. Користете креми кои содржат кофеин. Или пак направете домашен лосион од бршлен, талог од кафе и зелен чај. Со оваа смеса масирајте се барем половина час пред туширање.
Вени
Убави, затегнати, мазни нозе… убава слика која може да биде нарушена со проширени вени. Освен медицинските третмани може да ви помогне и одењето во солариум.