Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

УБАВИНА

Рецептот на Софија Лорен ќе ве подмлади

Оваа маска не е комплицирано да се припреми, а навистина е феноменална! Секоја жена која го почитува својот изглед, и сака долго да ја зачува својата убавина и младост, треба да ја применува.

 Состојки: 1 кесичка желатин (10 гр), 150 гр кајмак (млеко, кефир или јогурт), 1 лажиче глицерин (аптекарски или растителен), 1 лажиче мед.

Кајмакот е добар за сувата кожа на лицето. За нормалната кожа повеќе одговара млекото или јогуртот, а за мрсната киселото млеко, кефирот или безмаслениот јогурт.

Подготовка: Растворете го желатинот во кајмакот (или во друг млечен производ) и оставате го во фрижидер 6-8 часа.

Потоа нежно мешате загревајќи ја смесата на водена пареа, додека желатинот не се раствори во целост. Тргнете го од шпоретот, додајте мед и глицерин и промешајте.

Почекајте неколку минути додека се олади смесата и нанесете ја на исчистеното лице, врат или деколте зоната. Држете ја 20-25 минути, а потоа тргнете ја со хартиено (или со памучно) марамче, потопено во млеко. Остатокот од маската исперете го прво со топла, а потоа со ладна вода.

Припремата за маската може да ја чувате во фрижидер 5-7 дена и да ја користите секој ден. Наутро може да ја нанесувате на лицето ладна за да го освежите, а навечер малку подгреана (во микробранова или на водена пареа) за зголемување на хранливиот ефект.

Ефектите од маската ке бидат видливи по првото нанесување.

Желатинот што е во составот на оваа маска ги “пегла“ ситните бори, ја омекнува и избелува кожата, ја подобрува циркулацијата во крвта. Има позитивно влијание на протеинскиот и аминокиселинскиот метаболизам на кожата, ја подобрува нејзината состојба.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...