• Сподели на:

Рецепти против влакненца на нозете

___

Мускулести, затегнати, но… Ако влакненцата на нозете редовно ви го расипуваат уживањето на базен, на плажа или на спортските терени, прочитајте кои природни лекови можат да ви помогнат.

Кој сѐ уште би сакал да ги бричи нозете секој ден или да го чека терминот за депилација со восок…? Следните три рецепти ќе ви помогнат полесно да ги пребродите моментите до редовното отстранување на влакненцата на нозете.

  1. Куркума и сол

Индијките ги одржуваат своите нозе свиленкасти и мазни со мешавина на куркума и морска сол. Од овие состојки направете паста, втријте ја на нозете, оставете да делува 15-ина минути и исплакнете со топла вода. Научните темели за делување на оваа смеса не се сосем јасни, но веројатно е важно што делува абразивно, а практичноста е веќе потврдена – го забавува растењето на несаканите влакна.

  1. Шеќерна паста

Депилацијата со шеќерна паста во домашни услови е одлична алтенатива за скапите козметички зафати. Исцедете сок од пола лимон, измешајте го со четвртина филџан мед и еден филџан шеќер, па полека загревајте ја целата смеса (можете на кратко да ја ставите и во микробранова печка). Нанесете ја топлата маса на кожата, ставете врз неа памучно крпче, оставете да стои половина минута и повлечете во спротивна насока од растот на влакненцата.

  1. Плавец (камен за пети), за нега на стапалата и кожата

Овој камен е вид на шуплива, порозна, сунгереста карпа. Освен што можете со него да ги истриете стапалата и на тој начин да го спречите здебелувањето на кожата, може да се користи и за лесен пилинг. Секако, бидете внимателни и нежни при триењето, особено на деловите на кои има поголема влакнавост. Најдобро е прво да нанесете гел за туширање, на тој начин ќе ги спречите можните повреди.


Оставете коментар

___