Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Нокти

Неколку начини како да ги пораснете ноктите

Дали би сакале да научите неколку начини на кои ќе им помогнете на вашите нокти да пораснат здрави и долги? Доколку сакате долги нокти, сигурно веќе знаете дека покрај тоа што треба да се грижите за ноктите додека растат, така треба да остане и ако сакате да ги задржите здрави и убави. Во оваа статија ќе погледнете неколку начини како да го постигнете тоа.

Не ги употребувајте како алат

Едно од најважните правила додека ви растат ноктите е да престанете да ги користите како алат. Тие се кревки и лесно подлeжеат на повреди, што значи дека забрането е да ги користите вашите нокти за отварање на предмети, за одлепување на налепници и слично. Така целиот вашиот труд може да „пукне“ за помалку од секунда.

Заштитете ги

Кога ги пуштате ноктите да пораснат, практикувајте да ги заштитите со тоа што ќе нанесувате постојано лак за нокти. Користете обичен лак во боја или пак безбоен лак за зацрврстување, каков лак и да одберете е подобро од незаштитен нокт. Тоа ќе ви помогне да ги заштитите од удари и кршење, како и од лупење.

Одржувајте ја влажноста на ноктите

За да ја одржите влажноста на ноктите, употребувајте лосион за раце или пак масло за кутикули. Правете го ова често, после секое миење на рацете, така што ќе овозможите вашите нокти да растат здрави и убави.

Јадете здрава храна

За здрави нокти најважно е да пиете многу вода, но и да внесувате доста протеини во текот на денот. Водата ќе помогне вашата кожа и нокти да останат влажни и здрави.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...