Кајсиите се многу вкусни, но покрај тоа тие имаат многу лековити дејствија а посебно за негата на кожата и косата. Ова е причина зашто многу производи содржат и кајсии меѓу останатите состојки. Затоа препорачуваме навистина ефикасна домашна маска која можете да ја користите за нега на целото тело.
Подготовка:
Исмијте и излуштите две зрели кајсии. Пресечете ги и отстранете ги семките. Потоа ставете ги во блендер и додајте лажичка мед и лажичка маслиново масло. Мешајте додека сите состојки добро не се соединат. Оваа добиена смеса можете да ја нанесете на лице, деколке, коса.
Оставете да делува дваесет минути а потоа исплакнете со топла вода. Ефектот е видлив по првата употреба.

You must be logged in to post a comment Login