Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Коса

Пет совети за камуфлирање на првите знаци на седи влакна

Првите знаци на стареење лесно се прикриваат со бои за коса, но сѐ помалку се оние кои сакаат да ја менуваат својата природна боја на коса, па се во потрага по помалку агресивни методи. Еден познат фризер открива брзи решенија со иновативни производи или методи на шишање кои најдобро ги прикриваат првите седи влакна за сите дами.

1. Прелив без амонјак кој е достапен во сите маркети а неговата предност е во изборот на низа нијанси кои имитираат природна боја на коса. Има траење од 4-6 недели и е лесен начин на користење.

2. Маскара за коса е голем хит во последно време, а може да се нарача онлајн. Тие се наменети за само една употреба, изработени од густа текстура и се нанесува со помош на четка директно на косата.

3. Спреј за осветлување на косата, еден од брзите опции кои спасуваат кога немате доволно време а сакате да имате свечена фризура. Се нанесува по целата должина.

За сите оние кои сакаат трајно решение за прикривањето на седата коса, се препорачува промена на фризура. Она што треба да се избегнува се залижани и спласнати фризури кои најмногу ги откриваат седите влакна. Решението е во начинот на шишање кој создава волумен, со кој го сокрива коренот на косата. Се препорачуваат два вида шишање:

1. Густо и рамно шишани шишки
2. Предно степенесто шишани прамени

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...