• Сподели на:

Изгледаш ли постаро поради начинот на кој се шминкаш?

___

  1. Премногу пудра

Дебелите слоеви на пудрата никогаш не се добра идеја без оглед на тоа дали имаш 20,30 или 40 години. Тешката пудра на лицето му го одзема природниот изглед. Кривата боја исто така може да додаде години, поготово ако се работи за некои нијанси на портокалов тон.

 2.       Погрешна линија на туш или молив

Ова е честа грешка која ја прават многу жени. Додека не научиш каква линија е правилна за твојот облик на очите, би било подобро да се држиш подалеку од тушот и моливите.

3.       Погрешен коректор

Добриот коректор тешко е да се најде, но тоа не значи дека мораш да бидеш задоволна со секој коректор кој ќе ти дојде на рака. Пресувиот коректор на подрачјето на очите многу ги истакнува борите, баш како и прегустиот коректор, а не е добро да се користат и коректори кои се пресветли.

4.       Прејако руменило

Не е важно за која нијанса се работи, премногу руменилосекогаш изгледа лошо. Руменилото би требало лесно да ја нагласи бојата на твоите образи, а не да стане постоен моден додаток на твојот изглед.

5.       Премногу бронзер

Со помош на бронзерот се дава помладешки лик, но претераното користење (баш како солариумот) на лицето му се додаваат години дека изгледа неприродно. Купи бронзер кој е само 2 нијанси потемен од твојот тен.

6.       Кармин кој не ласка на твоите усни

Темниот кармин кој не одговара на твојот тон на лицето, сенки со криви тонови…се тоа може визуелно да го остаре твоето лице. Пронајди нијанси кои најдобро би ти стоеле и држи се до нив, а усните секогаш потенцирај ги со молив како би добиле дефиниција.

7.       Сенки кои не се “изблендирани”

Ако користиш повеќе нијанси на сенки на оќите, важно е добро да ги ‘изблендираш’, посебно ако се работи за црно бели комбинации. Во спротивно твоите очи би добиле лош облик, а лицето ќе изгледа заморно.


Оставете коментар

___