• Сподели на:

Директно од Холивуд: 5 совети за шминкање

___

1. Шминкајте се во следниов правец: од внатрешниот до надворешниот крај на окото

Одамна многу мејк ап артисти престанаа да ги користат разнобојните сенки кои се нанесуваа хоризонтално на капакот и под веѓите. За модерен изглед, нанесете ја сенка која постепено ќе се движи од светла кон темна и тоа хоризонтално, не вертикално. За свежа летна и вечерна шминка додајте малкуцка златна боја во внатрешниот дел на окото, малку розе на капакот, а зелената, виолетовата или бронзената нанесете ја на надворешниот дел на окото.

13236_andjelina-zoli-foto--AFP_300x0

2. Внимателно со црвенилото

Мора да бидете внимателни како и каде го нанесувате црвенилото. Би било најдобро да го нанесувате на врвот од јаболчниците, па потоа со четка убаво да ја изедначите бојата точно под зениците на очите до ушите.

3. Пред кармин, нанесете коректор

Особено кога користите црвен кармин, бордо или темно виолетов, најдобро е да ги подготвите усните така што ќе нанесете посветол коректор над горната усна пред моливчето и карминот. Со ова ќе постигнете навистина свеж изглед. Ако е потребно, во текот на вечерта оттапкајте ги вишокот маснотии со марамче, па одново нанесете коректор, моливче и кармин.

4. Ставете вештачки трепки

Иако маскарата придонесува за подраматичен изглед на вашите очи, заради што изгледаат поголеми и будни, со вештачките трепки ќе го постигнете оној вистинскиот богат холивудски поглед. Она што е навистина важно е да ја совладата техниката да нивното нанесување. Ако е потребно, скратете ги вештачките трепки, за да одговараат на вашиот капак, нанесете мала количина лепак и залепете ги со пинцета. Потоа, користејќи ја маскарата, залепете ги вашите со вештачките и нанесете црн туш за да не се види лепакот.

5. Светкајте, ама малку

За навистина прекрасен изглед на кожата секој сантиметар треба да биде сјаен, хидриран и здрав. Нанесете лосион со светки за тело кој ќе ги сокрие недостатоците на кожата, а таа пак ќе изгледа поздраво и посовршено. Особено нагласете ги рамениците, рацете, деколтето и клучната коска. За нозете да ви изгледаат потенки, нанесете лосион за тело до средина на листовите.

 

 


Оставете коментар

___