• Сподели на:

Дали топлес сончањето е опасно?

___

Ако во текот на летото сакате рамномерно да го исончате целото тече и често се сончате топес, бидете предпазливи!

Кожата на градите е поосетлива од другите делови на телото, затоа што не е изложена на сонце во текот на целата година, а сончањето топлес исто може да придонесе за остарен изглед на кожата на градите, а може да предизвика и други компликации.

Прегорениот тен стана моден императив во почетокот од шеесетите години, а модните икони од тоа време почнале да се сончаат и топлес. Првите монокини, за кои е заслужен Австриецот роден во САД, Руди Гернреич, дизајниран е во 1964-та година, а од тогаш со помал или поголем интерес жените од целиот свет ги откриваат своите гради на плажите.

Но како што тогаш не се пазело на штетните влијанија на сонцето врз кожата, така и не се зборело многу за последиците од сончање на тие многу осетливи делови.

Благодарение на зачестените предупредувања на дерматолозите и бројните кампањи во борбата против меланома, денес се знаат сите негативни страни на прекумерното изложување на сонце, независно дали се работи за здравје или за убавина. Но, што се случува со градите доколку се изложуваат на сонце?

Кожата на градите е поосетлива

Кожата на тој дел од телото е еднакво изградена како и на другите делови – од епидермис, дермис и поткожно масно ткиво. Разликата ја прави брадавицата околу која се отвораат 10-20 изводни канали на млечни жлезди. Помеѓу жлездените делови е сместено везивното и масното ткиво. Количината на масното и гландуларното ткиво ја одредува и големината на градите.

Од ова може да се заклучи дека со сунчањето топлес треба да се плашите за сите штетни последици и треба да обратите внимание на додатните факти. Пред се, кожата која никогаш не е изложена на сонце е значајно поосетлива од другите делови од телото кои се изложени во текот на целата година, а посегно се осетливи брадавиците и ареолите.

Поради тоа е важна секојдневна хидратантна нега на кожата на градите, а брадавицата и ареолата со помасни препарати. Во текот на сончањето се препорачува висок заштитен фактор и под градникот.

Тоа значи дека топлес не се препорачува, но ако веќе се сончате така, тогаш бидете повнимателни. Немојте да излагате на сонце помеѓу 12:00 и 16:00 часот, а градите сончајте ги само кратко време и задолжително премачкани со заштитен фактор 50.

ДНА мутацијата, хиперпигментација, брчки, преканцероза и во конечна фаза карциноми на кожата не го заобиколуваат ни овој дел од телото. Одма над долните екстремитете и грбот, спрема зачестените појавувања на меланом кај жените, следнува градниот кош.

Така, прераните знакови на старост ќе се појават како на лицето така и на вратот и деловите на деколтето, а сончањето топлес уште повеќе ќе придноесе за остарена кожа на градите.

Доколк постои склоност кон соларен дерматитис, тогаш изложеноста на градите на сонце може да биде фатална, затоа треба тоа да го избегнувате. Жените со импланти мораат задолжително да го избегнуваат топлес сончањето најмалку една година од оперативниот зафат.

Иако сончањето топлес не влијае на развој на карцином на дојката, сепак постојат истражувања кои зборуваат за тоа како пациентки разболени од карцином на кожата имаат зголемен ризик за развој на карцином на градите, посевно ако жената заболела во помлади години.

На крај треба да се истакне дека постојат повеќе аргументи кои се против топлес сончањето. Наместо тоа, умереното сончање со мали бикини и без прерамки ќе резултираат со убава и не претемна кожа.


Оставете коментар

___