• Сподели на:

Златни правила за здрава и убава кожа

___

Убава и здрава кожа бара секојдневна нега. Со примена на овие неколку златни правила ќе овозможите на својата кожа да биде мека, здрава и да зрачи со убавина, а скапи анти старосни третмани нема да ви бидат потребни.

Секојдневно хранете ја кожата. Хидратација на кожата мора да ви стане секојдневна навика. На лицето и телото нанесете одговарачка крема за да ја нахраните својата кожа. На овој начин ќе ја обновите хидролипниот филм кој ја прекрива епидермата. Не заборавајте дека сите типови на кожа бараат хидратација.

Пилинг од лимон. Лимоните се богати со витамин Ц, кој е силен антиоксиданс. Измешајте 1 лажица шеќер со малку лимонов со, а потоа со смесата нежно тријте го лицето, но избегнувајте го подрачјето околу очите. Потоа само измијте се со топла вода.

Вода! За убава кожа,вашето тело бара доволно количина на течности. Пијте многу вода, отприлика осум чаши дневно.

Домашен пилинг за тело. Измешајте кафен шеќер, екстра девианско маслиново масло и малку мед. Оставете ја смесата да делува на телото неколку минути пред да се измиете со топла вода, а потоа исушете го телото со нежно тапкање со крпа.

Антиоксидансите се важно сојузници за нега на кожата, но и во исхраната. Намирниците богати со антиоксиданси како што се боровинката го смируваат кожното запаление и борите против слободните радикали.

По добриот сон вашата кожа ќе сјае со здравје. За да остане здрава, експертите препорачуваат измеѓу 6 и 9 часа сон.


Оставете коментар

___