• Сподели на:

Затегнете ја кожата околу очите со оваа извонредна маска

___

Пред да се појават првите брчки погрижете се за вашата кожа. Се наоѓате на возраст кога е прерано да користите креми и останата козметика за спречување на појавата на брчки, но тоа не значи дека треба да чекате да се појават па дури потоа да ги третирате.

Освен за превентива, оваа маска е одлична и за оние кои веќе имаат брчки, а сакаат да ги ублажат и спречат појава на нови. За да ја подготвите оваа маска влезете во кујната и извадете ги ултра- богатите хранливи состојки.

Измешајте една белка, сок од половина лимон, една лажица мед, неколку капки бадемово масло. Убаво измешајте со миксерот за да добиете пенеста смеса. Со неа премачкајте ги критичните делови и оставете нека делува. Нека се исуши убаво маската на вашата кожа. Потоа измијте се со млака вода. На крајот убаво измасирајте се со бадемово масло. Нежно втријте го во кожата, а потоа натапкајте го се додека не почувствувате дека кожата го впива. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш.


Оставете коментар

___