Редовна хидратација и маска која ќе ја нахрани кожата на градите, ќе ги направи поцврсти, меки и нежни.
За да бидат цврсти и убави, градите имаат потреба од правилна нега. Кожата на градите е исклучително осетлива, склона на оштетување и предвремено појавување на бори. За да остагне затегната, важно е интензивно да ја негувате.
Редовна хидратација е многу важна, а рутинската нега секако би требало да ја дополните со маска која ќе ја нахрани кожата, ќе ја направи поцврста, мека и нежна.
За оваа маска потребно е да олупите портокал и да го ставите во блендер. Пенесто изматете една белка, помешајте ја со портокалот, па смесата нанесете ја на вратот, деколтето и рамената. Оставете да делува 15 минути и исплакнете со вода.
За хидратантната маска пак, потребно е да изгмечите неолупена краставица во блендер за да добиете кашаста смеса. Нанесете ја на градите, и оставете ја да делува 15 минути и сплакнете со млака вода.

You must be logged in to post a comment Login