• Сподели на:

Враснатите влакна можете да ги отстраните во неколку чекори

___

Често поради бричење или депилација на кожата имаме неугледни розевкасти или црвени красти, а тоа се случува кога влакната при депилација се прекинати во своите фоликули и затоа почнуваат да растат назад во кожата. Грозните израснати влакна можно е да се решат во неколку чекори.

1. Пилинг – Ако имате сува кожа, нежно одстранете ги мртвите станици со ракавици за пилинг. Исперете ги со туш и така кожата повторно ќе стане мека поради топлината на водата и влагата. Многу едноставно можете да го сложите пилингот дома. Во 2 децилитра стаклена чаша сипете една лажица маслиново масло и кососово масло. Добро исмешајте ги и нанесете ја течнопста на кожата.

2. Пинцета –  Додека е кожата сеуште мека, веднаш по туширање прегледајте ги нозете во бикини зоната. Доколку пронајдете по некое израснато влакно, полека извлечете го со пинцета, но немојте да го чупате бидејки повторно ке рискирате со рана. Секако пробајте да не правите мали дупки околу влакното, затоа што времето на зарастување ќе се продолжи.

3. Крема за акни – Состојките на многу креми за акни се идеални за мачкање на оштетена кожа која е предизвикана од израснати влакна. Главната причина за овој чекор е што таквата крема ја намалува опекотината која настанува кај израснати влакна. Бирајте крема која има салична киселина или бензол пероксид. Намачкајте два пати во денот неколку дена и влакната би требале да израснат на површина.

4. Влажнете ја кожата – Земете лосион за тело кој содржи алфа хидроскидна киселина (доаѓа од овошните шеќери и млекото) и обилно мачкајте. Така ќе избегнете натрупување на мртви станици па влакната ќе избиваат полесно на површината.

5. Направете пауза со бричењето – НАјлесниот чекор е едноставно да не ги бричите нозете и бикини зоната неколку дена, односно не превземајте ништо. Во тие неколку дена отоците и иритацијата ќе спласне. Кога ќе се бричите следниот пат, најважно е да користите нов жилет.


Оставете коментар

___