Сите знаеме дека витаминот Ц е добар за здравјето и метаболизмот. Но ако сакате вашата кожа да блеска и да изгледа младолико, немојте да заборавите да го вклучите и во секојдневните третмани за разубавување.
Многу козметички куќи веќе со годинилансираат производи за нега на кожата со овој витамин, и тоа со полна пареа, бидејќи неверојатно влијае на кожата.
Кремите и серумите со витамин Ц делуваат како антиоксиданс, а освен тоа:
– штитат од временските услови
– ги осветлуваат темниге флеки на кожата
– го смируваат црвенилото
– тие се одлично оружје против мозолчињата
Внимание: Витаминот Ц не одговара на сите, затоа е добро прво производот да го пробате на дел од лицето.

You must be logged in to post a comment Login