• Сподели на:

Внимавајте кога го чистите лицето

___

Чистењето на лицето и отстранување на шминката е најважната рутина. Сепак внимавајте на производите со кои го третирате лицето.

Ако влажните марамици се вашиот избор, постои една работа на која морате да обрнете внимание. Активните состојки во марамиците се во главно исти како и во кремите за чистење на лицето, но она што е неопходно по користењето на марамиците е да го измиете лицето со вода и сапун. Марамиците се брз и проверен начин за отстранување на шминката, но не се добра опција за здравјето на кожата. Ако не ги отстраните активните состојки во марамиците, на кожата може да остане поголемо количество на емулгатор. За чувствителната кожа тоа може да биде посебно непожелно, бидејки може додатно да го исуши лицето.

Секако, постојат посебни влажни марамици кои се наменети за отстранување на шминката, па кога ќе купувате погледнете дали се тоа марамици посебно за тоа наменети.

 


Оставете коментар

___