• Сподели на:

Веѓите треба да одговараат на лицето

___

Како веѓите да ви бидат совршени. Пред да се упатите во салон или сами одлучете се на скубење, проучете го своето лице.

Ако имате округло лице нагласете го со оштар изглед. Пробајте да ги обликувате (исцртате) веѓите со што повисок изглед. Лезните и излезните линии го привлекуваат погледот горе и доле и така привидно ќе го продолжите лицето. Избегнувајте заоблени веѓи дека лицето ќе ви изгледа уште по округло.

Ако имате издолжено лице веѓите нека бидат малку пошироки за да ја избалансирате должината на лицето. Изгледот нека биде што е можно порамен.

За овалното лице најдобро стојат заоблени веѓи, исто и кај срцоликото лице, само што овде веѓите се малку подебели, бидејки така ќе го избалансирате продолженото чело и поамалку шилестата брада.

Четвртастото лице бара полни веѓи со нагласен изглед, додека жените со лице во облик на дијамант би требало да се одлучат за полни, меко заоблени веѓи.

 


Оставете коментар

___