• Сподели на:

Утро е – изгледајте топ

___

Некои луѓе се повеќе утрински типови и немаат проблем да станат наутро, да се подготват и добро да изгледаат на работа. Некои личности пак, баш и не се утрински тип. Сепак, тоа и не мора да се забележува на нив.

Еве листа од неколку работи кои ќе ви помогнат да изгледате добро наутро, иако тоа не е вашиот дел од денот:

Clinique All About Eyes De-Puffing Massage – овој коректор со топче ги лади и смирува подочниците и отоците околу очите.

Benefit Erase Paste – доволно силен коректор за да се прекријат темните подочници.

Сув шампон за коса – кога немате доволно време за да ја измиете косата, подобро легнете си порано и наспијте се добро, а наутро послужете се со овој трик за да вашата коса изгледа добро.

Моливче за очи во боја на кожата – експертите советуваат да го нанесете ова моливче на работ од капаците за да вашите очи изгледаат посвежи и поодморени.

Влажни марамчиња за симнување на шминката – без оглед колку сте уморни навечер, симнете ја шминката бидејќи доколку си легнете со неа, вашата кожа наутро ќе изгледа суво и уморно.

Quick-Techniques-for-Beauty-in-the-Morning


Оставете коментар

___