• Сподели на:

Три чекори до полни усни

___

Познатата шминкерка Шарлот Тилбури ја открива тајната за совршени полни усни.

1. Секогаш користете молив за уста – Без молив за усна едноставно нема да бидат така убави. Можете сите нерамнини да ги поправите, да ги зголемите усните да изгледаат поголеми. Никој нема потполно симетрични усни. Секако не изненадува нас дека тоа важи и за супермоделите. Сепак, водете сметка дека моливот за усна треба да одговара на тонот на усната. Тоа е ваше тајно оружје. Не треба да се гледа дека сте ставиле, бидејки тоа би било потполна пропаст.

2. Бидете внимателни со мат кармините – Мат завршница е доста тренди оваа сезона – ништо не изгледа толку добро како богат, добар пигментиран кармин., но тие кармини буквално имаат текстура како на шмиргла и тие усни не изгледаат секогаш полни, туку изгледаат монотони. Затоа секогаш треба да одберете кармин со сјај, а најмногу оние кои нудат 3Д ефект.

3. Завршница со помош на коректор – Кога сте задоволни со своите усни, послужете се со коректор во пенкало. Оваа техника ќе ги нагласи вашите бујни усни. Користете го коректорот да направите рамка на усните на самата ивица, како би додале волумен на усните, каде Кејт Винслет тоа секогаш го прави. Ако оваа техника помага на сите убавици, време е и вие да ја испробате.


Оставете коментар

___