Различните емоции може да предизвикаат промени во вашиот организам, кои често се прикажуваат на вашата кожа.
Бидејки тие се последица на некој емотивен или психолошки проблем, од тие неправилности можеме да се решиме со помош на класични методи.
На пример, луѓето кои се несигурни во себе често при јавни настапи имаат црвенило на лицето, бидејки организмот лачи поголемо количество на адреналин, кој ги шири крвните садови на лицето.
Оваа реакција на нашето тело може да предизвика повеќе психички проблеми, бидејки лицата кои поруменуваат во јавност поради тоа имаат уште поголем страв.
Ова можете да го спречите на многу едноставен начин –неколку минути пред некој јавен настан, држете лед или ладна течност во устата и на тој начин ќе ги блокирате импулсите на нервите кои го стимулираат црвенилото.

You must be logged in to post a comment Login