• Сподели на:

Совети за шминка за дамите со светол тен

___

Жените кои имаат аристократки светол тен треба да знаат дека нивната кожа за време на сончевите денови е особено чувствителна. Покрај кремата со заштитен фактор, потребна е и добра шминка.

Непосакуваниот сјај ќе го избришете со проѕирна пудра која служи како база. Ви препорачуваме да ненесете и на деколтето за да постигнете природен изглед.

Следниот чекор е руменилото, кое би требало да го изберете во зависност од тонот на кожата. Па така ладните тонови најдобро одговараат со розеви нијанси, додека на кожата со пигментација и одговара бојата на кајсија, што ќе и овозможи топлина.

За време на топлите денови држете се до правилото ‘’помалку е повеќе’’. На жените со светол тен, не им се потребни сенки, туку доволно е да изберете руменило кои совршено ќе ви го истакне порцеланскиот тен.

Лицето совршено ќе го истакнете со нагласување на веѓите, но не треба да претерувате. Бојата на моливчето е најдобро да ја прилагодите на бојата на косата. Почнете од внатрешните агли на веѓите и со кратки и брзи движења исцртајте ги. Потоа нанесете гел на веѓите. Тоа ќе ви даде волумен, а нијансите на моливчето со кое ќе ги истакнете подолго ќе трае.


Оставете коментар

___