Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Сокријте го целулитот: Четири начини за успешно прикривање на овој женски непријател!

Не мора целулитот секогаш да победи. Постојат дури четири начини како овој женски непријател успешно да го покриете. Пробајте барем еден.

Секоја жена мака мачи со целулитот на нозете и газот. Обично премногу доцна ќе се сетиме дека треба нешто да направиме со таа “кора од портокал“, а тогаш е веќе се изгубено и целулитот не победува. Меѓутоа, тоа не е причина да облекуваме само панталони и долга сукња.

Нашиот предлог е да пробате еден од овие четири начини со кои можете да го покриете целулитот на нозете и газот.

Потемен тен

Во текот на летните месеци, особено после годишниот одмор кожата изгледа свежа и мека но причината не е само морето и лосионот туку и потемниот пигмент на кожата ги покрива сите неправилности. Доколку планирате за некоја свечена прилика да го облечете омилениот фустан, веднаш почнете да користите крема за самопотемнување или размислете за третмани.

Мидер

Мидер за обликување на телото е во моментот многу популарен, а различните модели се прилагодени за секаков вид на облека. Мидерите во облик на кратки панталони кои се користат под гламурозните фустани ги носат и популарните лепотици како Кејти Холмс, Сара Џесика Паркер и Ева Лонгорија.

Хулахопки

Хулахопките во боја на кожа се вратија во мода, а овој практичен детаљ покрај тоа што ги покрива неправилностите, го обликува и телото. Изберете нијанса која е слична на вашиот тен и избегнувајте висок сјај. Доколку планирате да облечете кратка сукња изберете хулахопки кои немаат задебелување односно “гаќи“.

Нега на кожата

Дехидрираната кожа станува сува и ја губи еластичноста, а правилната нега може да направи чудо. Подгответе ја својата кожа така што еднаш до два пати неделно направете пилинг на целото тело. После тоа кожата нахранете ја со крем или лосион за тело и најдобро би било да го нанесувате секој ден.

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...