• Сподели на:

Скриени опасности на маникирот

___

Нормално дека сакате беспрекорни нокти, но треба да бидете свесни за опасностите кои им претат и можат да го нарушат вашето здравје.

UV ламба за сушење акрилни нокти

Некои студии обрнаа внимание дека UV светлината во ламбата за сушење акрилни нокти може да предизвика рак на кожата на раката. Но некои истражувачи пак велат дека ламбата треба да се користи повеќе пати во денот за да се влее во ризичната група. Ако сепак сте загрижени, 15 минути пред да го користите апаратот намачкајте ги рацете со крема за сончање.

Токсични материјали во лаковите за нокти

Во овој случај кривец е BHA (butylated hydroxyanisole) односно синтетички антиоксиданс кој се крие во многу козметички производи. Исто така проверите дали вашиот лак за нокти содржи dibutil ftalat, toluen и formaldehid кои исто така се наоѓаат на листата на опасни и токсични состојки.

Неспретни козметичарки

Кога одите на маникир, особено ако сакате гел маникир, многу е важно да одберете соодветна личност, која знае што прави. Ако кожата околу ноктот се оштети за време на средувањето, хемикалиите од гелот можат да влезат под кожата и да ги оштетат нервите.

Пазете се од инфекции

Во салоните за средување нокти навистина лесно може да добиете инфекција. Многу здравствени експерти предупредуваат да кожата на ноктите не треба да се сече во салони бидејќи тоа го зголемува ризикот од инфекции. Решението може да биде во носење своја турпија и останати потребни предмети ако не сте сигурни дека салонот и одржува беспрекорна хигиена.


Оставете коментар

___