• Сподели на:

Што да Јадете за Неодолива Кожа

___

ШТО ДА ЈАДЕТЕ: ЈАГОДИ, ПИПЕРКИ, ПОРТОКАЛИ, БРОКУЛИ, АНАНАС, ПАПАЈА, КЕЛ И КИВИ

jadenje2

Секој од овие производи е полн со витамин Ц, антиоксидант кој е вклучен во процесот на синтеза на колаген, покрај останатите есенцијални фукнции на кожата. Додека сеуште не е разјаснет механизмот како всушност витаминот Ц влијае на заштитата против создавање брчки, научниците тврдат дека конекцијата е вистинска. Студиите на оваа тема зборуваат за тоа дека кај лица кои консумираат повеќе витамин Ц, бројот на брчки е значително помал, во споредба со оние кои не внесуваат доволно од овој витамин.

 

ЗА ПОЧИСТА, ПРЕКРАСНА КОЖА: Збогатете ја вашата исхрана со зелечук и риба секој ден.

 

ШТО ДА ЈАДЕТЕ: СПАНАЌ И ЛОСОС

jad

Рибата содржи омега 3 масни киселии, а зеленчукот содржи голем број на хранливи состојки, вклучувајќи ги и витамините А и Ц, кои се пак круцијални за здравјето на кожата. Врз основа на изведени студии се покажало дека оние кои консумираат риба и зеленчук немаат проблеми со акни за разлика од оние кај кои овие производи не се дек од исхраната. Што значи дека овој тип на исхрана ги одддалечува акните од вашето лице.

 

ЗА ЗДРАВА, ХИДРИРАНА КОЖА: Заменете го утринското кафе со чај

 

ШТО ДА ПИЕТЕ: органски безкофеински зелен чај

jade

Зелениот чај содржи големо количество антиоксиданси наречени полифеноли, а од неодамнешните студии поврзани со функцијата на зелениот чај, откриено е дека истиот тој ја зголемува хидратантноста на кожата и го забрзува движењето на крвта и кислородот во кожата.


Оставете коментар

___