• Сподели на:

Шминка за 5 минути! (Видео)

___

По ова видео и водичот од само 6 чекори, нема да има простор за нервоза за сите идни вечерни случувања кои сте ги договориле половина час пред да се случат.

1 чекор: Сокријте ги подочниците – Нанесете хидратантна крема, а потоа кремаст коректор со нијанса на вашата кожа, во никој случај посветол. Нанесете го во дебели линии над веѓите, низ образите и од страните на носот. На крај размачкајте со прсти.

2 чекор: Руменило – Нанесете малку кремасто руменило на јаболкниците, па размачкајте го накај слепоочниците. Ако претерате со руменилото додајте малку течна пудра, никако не го бришете.

3 чекор: Бронзер – Со показалецот нанесете светло, светкаво руменило или бронзер. Изберете сребрени нијанси ако имате светла кожа, а нијанса на шампањ ако имате среден до темен тен.

4 чекор: Истакнете ги очите – За погледот да ви добие длабочиња, нанесете сребрена сенка, па вешто исцртајте линија со моливче за очи или пак додадете ефект на црни “smokey eyes”.

5 чекор: Додајте дефиниција – Веѓите лесно исцртајте ги со моливче во истата боја, во никој случај потемна!

6 чекор: Сочни усни – Нанесете кармин со светло розова боја, па потоа со прст добро размачкајте. Додајте малку сјај за усни за погламурозен изглед.

Во просек, за околу 4 минути и 30 секунди може да изгледате вака:

Kozmo škola šminkanja s beauty UK by Žana Kožul – Metalic Look


Оставете коментар

___