Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Решете се од митесерите со помош на пилинзи од вашата кујна

Без скапи третмани, проблемот со мртвите клетки и затнатите пори можете да го решите со помош на едноставни рецепти кои ќе ги припремите во вашата кујна.

Пилинг од мускатни ореви и млеко

Во сад ставете го млекото и мускатните ореви во еднаков размер. Мешајте се додека не добиете смеса густа како паста. После тоа лицето кое претходно сте го изчистиле, со помош на кружни движења измасирајте го со пилингот. Немојте да ја масирате кожата премногу грубо бидејки на тој начин  ќе ја оштетите. Масирајте ја кожата три минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Со мед против митесери

Наједноставен начин природно да се решите од митесерите е густиот и лепливиот мед. Лицето најнапред измијте го, а потоа на критичните предели нанесете од медот кој ќе се залепи за нечистотиите од порите и ќе ги впие. Покрај тоа што чисти, медот делува како антиоксиданс и има антибактериско дејство.

Белките ги чистат порите

Од јајцата издвојте ги белките и нанесете ги со помош на четка на чисто лице. Нанесувајте слој по слој и пазете да не се исуши првиот слој пред да го нанесете вториот или третиот. Маската од белки држете ја на вашето лице 15 минути, се додека во потполност не се исуши. После тоа измијте го лицето со топла вода.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...