Без скапи третмани, проблемот со мртвите клетки и затнатите пори можете да го решите со помош на едноставни рецепти кои ќе ги припремите во вашата кујна.
Пилинг од мускатни ореви и млеко
Во сад ставете го млекото и мускатните ореви во еднаков размер. Мешајте се додека не добиете смеса густа како паста. После тоа лицето кое претходно сте го изчистиле, со помош на кружни движења измасирајте го со пилингот. Немојте да ја масирате кожата премногу грубо бидејки на тој начин ќе ја оштетите. Масирајте ја кожата три минути, а потоа измијте ја со млака вода.
Со мед против митесери
Наједноставен начин природно да се решите од митесерите е густиот и лепливиот мед. Лицето најнапред измијте го, а потоа на критичните предели нанесете од медот кој ќе се залепи за нечистотиите од порите и ќе ги впие. Покрај тоа што чисти, медот делува како антиоксиданс и има антибактериско дејство.
Белките ги чистат порите
Од јајцата издвојте ги белките и нанесете ги со помош на четка на чисто лице. Нанесувајте слој по слој и пазете да не се исуши првиот слој пред да го нанесете вториот или третиот. Маската од белки држете ја на вашето лице 15 минути, се додека во потполност не се исуши. После тоа измијте го лицето со топла вода.

You must be logged in to post a comment Login