• Сподели на:

Решете се од лузните од акните по природен пат

___

Лузните кои остануваат на лицето после акните, можат да направат проблем речиси и еднаков како и самите акни, па луѓето се во состојба да дадат многу пари за разни козметички третмани и препарати.

На блогот „Budget savy“ тврдат дека борбата против акните не мора да биде ниту скапа, ниту тешка, ниту пак долготрајна, се додека се служиме со она што ни го нуди мајка природа.

За маската која ќе ви помогне да се ослободите од лузните од акните потребни ќе ви бидат следниве состојки:

4 лажици сок од лимон

3 лажици јогурт

4 лажици мед

1 белка од јајце

Сите состојки измешајте ги, се додека не добиете еднолична смеса. Со помош на четка намачкајте го лицето, а потоа нежно тријте ја смесата на местата каде повеќе се забележуваат лузните.

Оставете ја маската да делува 15 минути, и потоа едноставно измијте го лицето со топла вода.


Оставете коментар

___