• Сподели на:

Продолжете им го рокот: Кои козметички препарати треба да ги чувате во фрижидер

___

Производите со кои ги третирате акните чувајте ги во фрижидер, а маскарата не ја оставајте таму бидејќи ќе се стегне.

Кога е во прашање одржувањето на козметичките производи, важно е да внимавате на хигиената и на датумите на пакувањата, но дали сте знаеле дека со чување во фрижидер на некои производи, можете да го продолжите нивното траење и да ја подобрите нивната ефикасност?

 devojka-1393082652-27836

Секако, тоа не се однесува на производи како што се течната пудра и маскарата, чијашто текстура може потполно да се измени поради ладното, затоа проучете ја оваа листа и пробајте го “ладното одржување”.

Производи кои е пожелно да ги чувате во фрижидер:

  1. Крем за околу очи
  2. Крем за сончање
  3. Парфеми
  4. Производи за третирање на акни
  5. Природна козметика

devojka-1388765082-23376

Што никако не смеете да чувате во фрижидер:

  1. Моливи за очи
  2. Течна пудра
  3. Кармин
  4. Производи на база на масло
  5. Маскара

Оставете коментар

___