Производите со кои ги третирате акните чувајте ги во фрижидер, а маскарата не ја оставајте таму бидејќи ќе се стегне.
Кога е во прашање одржувањето на козметичките производи, важно е да внимавате на хигиената и на датумите на пакувањата, но дали сте знаеле дека со чување во фрижидер на некои производи, можете да го продолжите нивното траење и да ја подобрите нивната ефикасност?
Секако, тоа не се однесува на производи како што се течната пудра и маскарата, чијашто текстура може потполно да се измени поради ладното, затоа проучете ја оваа листа и пробајте го “ладното одржување”.
Производи кои е пожелно да ги чувате во фрижидер:
- Крем за околу очи
- Крем за сончање
- Парфеми
- Производи за третирање на акни
- Природна козметика
Што никако не смеете да чувате во фрижидер:
- Моливи за очи
- Течна пудра
- Кармин
- Производи на база на масло
- Маскара



You must be logged in to post a comment Login