• Сподели на:

Природно осветлување на косата

___

Иако можеби е најлесно да користите фарба за коса за да добиете посветла нијанса, сепак на тој начин најмногу ја уништувате косата. Затоа ви препорачуваме да се обидете со неколку природни начини да ја добиете посакуваната нијанса.

Чај од камилица и сок од лимон: Со овој третман може да добиете до две нијанси посветла коса. Помешајте сок од 1 лимон со 750 мл. чај од камилица и нанесете ја смесата на мокра коса по бањање. Исушете ја косата на сонце за да добиете најдобри резултати.

Витамин Ц и сок од лимон: Промешајте 3 истолчени таблети витамин Ц со две лажици сок од лимон. Додадете малку шампон за да добиете компактна смеса. Нанесете ја смесата на косата и масирајте, па ставете најлонска ќеса и држете ја најмалку 50 минуи. Измијте ја косата со шампон.

Маслиново масло и мед: Измешајте две лажици маслиново масло со 4 лажици мед, па оставете ја смесата да отстои 15 минути. Потоа нанесете ја на косата, почекајте 40 минути, па исплакнете со млака вода. Повторувајте го овој третман се додека не ја добиете посакуваната нијанса.

Цимет: Помешајте 4 лажици мелен цимет со 2 лажици регенератор, нанесете на косата и покријте ја со пластична ќеса. Оставете ја на глава најмалку 4 часа или преку ноќ. Измијте со млака вода и потоа измијте ја косата со шампон. За најдобар резултат мора да го повторите третманот околу 5 пати.


Оставете коментар

___