• Сподели на:

Природни маски кои најдобро чистат митесери

___

Овие мали точки кои најчесто го прекриваат носот, брадата и челото, се склони на мрсна кожа која лачи повеќе масност. Нечистотијата најдобро се чисти со креми на база на витамини Ц и Б3, но првите резултати се гледаат од 6 до 8 недели кога ќелиите на кожата се обноват. Митесерите можат да се исчистат и со намирници од кујната, а се препорачува маските да ги нанесувате еднаш во неделата.

Цимет – Во сад треба да се измеша една лажица мелен цимет со две лажици мед. Смесата потоа нанесете ја на критичните точки и оставете да делува барем 15 минути пред да се измиете.

Лимонов сок – Одличен сојузник во борбата против митесерот е лимонот бидејќи е богат со витамин Ц. Тој ги стеснува порите, ги чисти мртвите ќелии и дезинфицира. Доволно е исцеден лимонов сок да го нанесете на лицето и да го оставите да делува околу половина час.

Зелен чај – Зелениот чај треба да се свари, а потоа да се олади на собна температура. Потоа нанесете го на митесерите и измијте го лицето по 10 минути. Тој го намалува запалението на кожата.

Мед –  Загрејте лажичка мед, причекајте да се олади и потоа нанесете го на лице. Внимавајте медот да не бите премногу топол. Оставете да делува 10 минути и потоа измијте се со млака вода. Медот ги чисти митесерите и воедно делува антибактериски.


Оставете коментар

___