• Сподели на:

Природен пилинг за тело од морска сол

___

Сувата кожа е најчест проблем со кој се соочуваат повеќето жени. Иако хидратацијата е многу важна за здрава и убава кожа, пред нанесувањето на хидрантниот крем, подеднакво е важно да ги отстраните изумрените клетки од кожата. Направете сами многу едноставен пилинг за тело и спречете го овој проблем со кожата.

За овој пилинг се што ви е потребно е морска сол. Па така следниот пат кога ќе се туширате, земете цела дланка морска сол и измешајте ја со гелот за туширање кој го користите. На влажна кожа нанесете од мешавината со нежни движења и измасирајте го целото тело. После туширањето на кожата нанесете обавезно хидрантен лосион за тело.


Оставете коментар

___