Тајната на кафето во борбата против целулитот е во кофеинот кои ја подобрува циркулацијата во нозете. Познато е дека целулитот настанува поради намален проток на крв во одредени делови на телото, предизвикани од постојано седење, недоволна физичка активност. Грубата текстура на кафето има стимулативно дејство и ја подобрува циркулацијата.
Со редовна физичка активност и правилен избор на намирници кои помагаа во изфрлањето на водата од телото, применете и домашен антицелулитен третман за успешно да го отстраните целулитот.
За овој третман потребна ви е една шоља кафе, пола шоља кафеав шеќер и маслиново масло.
На критичните зони нанесете маслиново масло и почнете да го масирате местото. Кафето и шеќерот измешајте ги во еден сад и сувата смеса нанесете ја на деловите на кои имате целулит, и со крижни движења масирајте го местото околку 5-7 минути.
Третманот најдобро е да го практикувате после туширањето, кога кожата ви е омекната. Се препорачува овој третман да го применувате барем четири пати неделно.

You must be logged in to post a comment Login