• Сподели на:

Потенки бутови за само 7 дена

___

Сеуште ве мачи што не можете да ги облечете своите омилени фармерки, а вежбате секојдневно. Вистина е дека многу вежби не вклучуваат движење за одредени региони, а на кои лесно се задржуваат масни наслаги. Затоа, за 7 дена и најмногу 20 минути за овој кардио програм кој е специјално смислен за намалување на облината на бутовите, ќе го постигнете тоа што сте го посакувале.

1. Возете велосипед во воздух – Легнете на грбот и подигнете ги нозете и “возете велосипед”. Ова е идеална вежба за мускулите на бутовите и задницата, која можете да ја правите и додела гледате омилена серија на телевизија, а резултатите ќе ги приметите за брзо време.

2. Не заборавајте сквотови – Ставете ги колената на полуклекнување, со раце на колковите или половината и нежно спуштајте се надолу се додека не почувствувате затегнување и болка во мускулите. Исправете се и поновувајте ја вежбата осум пати. Кога ќе стекнете кондиција, ќе можете да ја правите и во повеќе серии.

3. Најпознатата вежба – Легнете на грб, свиткајте ги нозете, а рацете испружете ги покрај телото и гледајте рамно во таванот. Поставете замотан пешкир помеѓу колената, за внатрешната страна на бутовите активно би учествувала. Поновувајте ја оваа вежба повеќе од 15 пати во една серија и не заборавајте на правилно дишење.


Оставете коментар

___