• Сподели на:

Пет совети за совршени веѓи

___

 

За секогаш да изгледате дотерано и убаво, важно е да се грижите за вашите веѓи. Густи веѓи се особено популарни сега. Но, без разлика дали имате густи или ретки веѓи, најважно од се е да бидат убаво обликувани. Ви носиме пет совети кои ќе ви помогнат вашите веѓи да изгледаат совршено.

–          Веѓите чупајте ги после бањање или туширање. Топлото ги отвора порите поради што чупањето ќе ви биде полесно и побезболно.

–          Веѓите чупајте ги секојдневно, со цел да го задржите убавиот облик.

–          Веѓите чупајте ги паралелно. Со цел да ги изедначите, исчупајте неколку влакненца од едната, а потоа од другата страна. Никогаш не чупајте многу влакненца од едната, а дури потоа да преминете на другата.

–          Веѓите е речиси невозможно да ги направите идентични, па поради тоа не се ни обидувајте тоа да го постигнете.

–          Користете огледало кое ве зголемува со цел подобро да ги видите ситните, проблематични влакненца кои е најтешко да ги исчупате.

 


Оставете коментар

___