За секогаш да изгледате дотерано и убаво, важно е да се грижите за вашите веѓи. Густи веѓи се особено популарни сега. Но, без разлика дали имате густи или ретки веѓи, најважно од се е да бидат убаво обликувани. Ви носиме пет совети кои ќе ви помогнат вашите веѓи да изгледаат совршено.
– Веѓите чупајте ги после бањање или туширање. Топлото ги отвора порите поради што чупањето ќе ви биде полесно и побезболно.
– Веѓите чупајте ги секојдневно, со цел да го задржите убавиот облик.
– Веѓите чупајте ги паралелно. Со цел да ги изедначите, исчупајте неколку влакненца од едната, а потоа од другата страна. Никогаш не чупајте многу влакненца од едната, а дури потоа да преминете на другата.
– Веѓите е речиси невозможно да ги направите идентични, па поради тоа не се ни обидувајте тоа да го постигнете.
– Користете огледало кое ве зголемува со цел подобро да ги видите ситните, проблематични влакненца кои е најтешко да ги исчупате.

You must be logged in to post a comment Login