• Сподели на:

Овошни маски за масна кожа

___

Овошјето е многу здраво, па поради тоа се препорачува во секојдневната исхраната, но и нега на кожата.  Доколку имате масна кожа, испробајте некоја од овие маски за лице кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.

1.Банана

Изгмечете една зрела банана, додајте неколку капки мед и сок од лимон. Нанесете ја оваа маска на лицето и вратот и оставете да се исуши. Измијте го лицето со млака вода за да добиете свежа кожа без бубулици. Исто така можете да додадете неколку капки сок од портокал.

2.Јагоди

Изгмечете јагоди и помешајте ги со сок од лимета. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да отстои 20 минути и потоа лицето измијте го со млака вода.

3.Портокал

Портокалот е богат со витамин Ц. Овој витамин се бори против стареењето, ја подобрува текстурата на кожата и ви помага кожата да стане поубава. Портокалот ја одмастува кожата и помага во намалувањето на црвенилото. Можете да го масирате лицето со сок од портокал или да го додадете во маската за лице. Ако користите сушена кора од  портокал, помешаајте го правот  со сок од лимон и мед за да добите домашна маска за лице.


Оставете коментар

___