• Сподели на:

Овие козметички производи ќе ве подмладат

___

Освен естетската хирургија и разните методи на подмладување, борите на лицето помалку ќе се воочуваат, а кожата ќе делува посвежо ако примените неколку совети.

Квалитетен шампон – Не е сеедно каков користите, само оној кој одговара на вашиот тип на коса може да ги избрише трагите на годините на неа,а таа ќе делува пожива, сјајна и бујна.

Маскара за коса – Доколку на косата имате неколку седи влакна, а немате време за фарбање, ваква маскара многу ќе ви помогне.

Гел за миење со перли – Одберете гел за миење поради кој кожата ќе ви изгледа свежо и здраво.

Крем руменило – Руменилото во прав може да остави впечаток на сува кожа, затоа одберете го во облик на крема или стик. Ако ја погодите нијансата и правилно го нанесете, можете од лицето да избришете неколку години.

Добра маскара – Добрата маскара може значајно да ве подмлади. Одберете ја онаа која ги продолжува трепките и ги прави погусти.

Сјај за усни со топли бои – Нежните и топли нијанси подмладуваат, додека темните го прават лицето погрубо и постаро.


Оставете коментар

___