• Сподели на:

Отстранете ги показателите на стресот од лицето

___

Брзиот и стресен живот со текот на времето покрај трагите на психичката состојба, почнува да остава трага и на физичкиот изглед.

Подочњаците, сува или иритирана кожа – секој ги имал овие проблеми барем еднаш. Како експресно можете да ги избришете овие траги од лицето?

Овошна киселина за сува и иритирана кожа

Ако имате ваков проблем, сјајот на кожата најбрзо ќе и го вратите со употреба на препарати кои содржат овошна киселина. Овие киселини го потикнуваат обновувањето на кожата, го симнуваат мртвиот слој од кожа кој ги запушува порите, ја намалуваат видливоста на борите и кожата на лицето ја прават понежна.

Салицилна киселина за акни

Со оглед на тоа дека стресот не прави подложни на акни, во секојдневната нега треба да се вклучи лосион со салицилна киселина. Парче памук натопете го со тоник и нанесете го на измиено лице. Ако акните ви се појавуваат и на грбот, тоникот нанесете го и на тој дел.

Масажа за подочњаци

Со показалецот лесно притиснете во аглите на очите до коренот на носот на неколку секунди. Истото направете го и на средниот дел, а масажата завршете ја со притисок на надворешните агли на окото.

Иритација под контрлола

Стресот може да предизвика појава на осип или егзема. Во такви случаи најдобро е да направите топла купка збогатена со минерали. Три пати неделно ќе биде доволно да ја смири настанатата иритација. Пазете средтсвата кои ги користите за туширање да не бидат прејаки.


Оставете коментар

___