Недостигот на сон и хроничниот замор често оставаат видливи траги на лицето. Едни од најчестите се секако подочниците и темните кругови под очите. Иако постојат и природни средства со помош на кои можете да ги отстраните или ублажите, добро е да знаете како најлесно можете да ги прикриете и со помош на шминка. Пратете ги овие едноставни чекори:
Прв чекор

Наенесте точки од светол коректор во должина на орбитралните коски.
Втор чекор

Направете буква “V”: коректор со жолта нијанса нанесете на јаболчниците, а коректор со боја на праска под очите. Изедначете.
Трет чекор

Со цел максимално да ги осветлите круговите и подочниците, долната линија на трепките (вклучувајќи го и долниот раб) и ставете бел гел туш, а потоа изедначете го со четка.
Четврт чекор

Нанесете маскара на горните и долните трепки.


You must be logged in to post a comment Login