• Сподели на:

“Освежите” го вашиот несесер!

___

Несесерот на повеќето жени е преплавен со шминка која не ја користат. Старата шминка е опасна за убавината и здравјето, па затоа започнете веднаш со реорганизација така што ќе ги фрлите старите и потрошени шминки.

Сите производи кои не сте ги користеле година дена, но и оние кои сте ги купиле во афекти или заради моментална мода, веднаш фрлете ги.

Не е само шминката непријател на вашата кожа. Еднакво се опасни и апликаторите, особено ако не ги чистите. Старите сунѓери за нанесување шминка заменете ги со нови, исто како и четките ако предолго ги користите. Апликаторите обавезно мијте ги еднаш неделно за да не станат опасност за вашето здравје.

Секогаш придржувајте се до роковите на траење на сите козметички производи. Исто како течните пудри, така и моливите за очи и усни, сенките, руменилата и останатите производи имаат рок на траење.


Оставете коментар

___