• Сподели на:

Опаѓање на трепките – проблем на многу жени

___

Трепките се ситни влакна кои ги штитат очите од прашина и останати материи. Како и останатите влакна на нашето тело, трепките имаат свој циклуст на раст. Уште една специфичност на трепките е дека растат многу побавно од останатите влакна на телото. Затоа бараат поголема нега.

Доколку дојде до прекумерно опаѓање на трепките тогаш патите од мадароза. Трепките почнете да ги негувате со масло од рицинус два пати во денот. Пред спиење нежно премачкајте ги трепките со масло, а наутро исплакнете ги со вода. Освен ова, трепките можете да ги негувате и со маслиново масло.

Немојте да користите маскара и други козметички препарати доколку ви паѓаат трепките. Зголемете го внесувањето на витамин Е во организмот. Интересно е што кофеинот е причина за хормонално пореметување кој предизвикува паѓање на трепките. Маскарата е важен фактор во нега на трепките, доколку тие премногу ви паѓаат, немојте да користите водоотпорна маскара, затоа што таа потешко се вади.

Најчести причини за паѓање на трепките се алергиските реакции на разни козметички препарати (особено маскарата) и на креми кои се нанесуваат на очите. Проблемите со штитната жлезда, анемија и бременоста се исто така стадиуми во кои трепките можат да паѓаат. Следете ги нашите совети, а доколку трепките и понатаму паѓаат и во рок од 3 месеци не се опорават, посетете лекар.


Оставете коментар

___