• Сподели на:

Нега на кожата по бричење: Отстранете го црвенилото со природни препарати

___

Без разлика на кој начин ги отстранувате влакната на телото, сигурно барем еднаш сте имале проблем со иритирана кожа по третманот. Бричењето и понатаму е најраспространет метод, но по користењето на современите бричеви, пени за бричење и лозиони за нега по бричењето, црвенилото, чешањето и пецкањето се честа појава.

Ви откриваме 3 начини како можете да ја смирите иритираната кожа по бричењето:

Јаболков оцет е познат по антибактериското дејство и дество против иритирање, па идеално е идеален за да ја негувате кожата. Натопете памук со оцет и со него поминете преку деловите од кожата кои се иритирани.

Алое вера исто така ја смирува иритираната кожа и ја омекнува. Ненесете на кожата тенок слој гел од алое вера и набрзо ќе почувствувате олеснување.

Аспиринот е одлична помош за иритирана кожа. Издрробете два аспирини и измешајте ги со малку вода за да добиете паста. Смесата нанесете ја на иритираните места, оставете да делува десетина минути, а потоа исплакнете.


Оставете коментар

___