• Сподели на:

Направете серум за растење на трепките и веѓите

___

Ретки се среќничките кои се надарени со долги и густи трепки кои изгледаат одлично дури и без тронка шминка.

Ширум светот дамите посакуваат долги трепки, а иако денес постојат и серуми кои делуваат за забрзување на растот на веѓите и трепките, поради високите цени многу се одлучуваат на добрата стара маскара и вештачките трепки. Ова е рецепт за домашен серум за растење на трепките кој го предлага Carly Bybel, една од најдобрите блогерки.

Потребни состојки: кокосово масло, рицинусово масло, масло од авокадо, пластично шишенце во кое ќе го истурите серумот.

Употреба: Во чистото шишенце налејте пола/пола рицинусово и кокосово масло и на врвот додадете малку масло од авокадо. Сето тоа добро промешајте го и вашиот серум е готов!

Внимание: Серумот нанесувајте го исклучиво на трепките и веѓите, никако во очите. Доколку почувствувате дека очите ве чешаат, итно измијте го серумот со многу вода и немојте повеќе да го користите! Серумот нанесувајте го само со чисти раце или со чисти четки.


Оставете коментар

___