Ви предложуваме да ја направите оваа маска од брусница и грозје, која е богата со витамините А и Ц – главни сојузници на убавата кожа, како и овошни киселини кои ќе направат природен пилинг и ќе ви помогнат да ги отстраните мртвите клетки.
Состојки:
-една шоља брусница
-една шоља грозје (без семки)
-една кесичка желатин без вкус
Состојките измешајте ги во сад се додека не добиете хомогена паста. Покријте го садот и оставете го во ладилник најмалку 45 минути за смесата да се згусне. Смесата извадете ја од ладилник и оставете ја на собна температура 10 минути. Маската нанесете ја на изчистено лице во тенок слој. Оставете да делува 15 минути и одстранете ја со помош на млака вода.

You must be logged in to post a comment Login