Сувата и испукана кожа бара соодветна нега, за која ви се потребни само четири состојки. Шеќерот, маслиновото масло, грејпфрутот и мајчинатa душичка ќе ја затегнат вашата кожа, ќе ја направат еластична и мека.
Состојки:
-1 чаша шеќер
-2 до 3 лажици маслиново масло
-10 до 15 капки етерично масло од грејпфрут
-2 лажици свежа мајчина душичка или лаванда
Подготовка:
1.Мајчината душичка или лавандата ситно исечете ја и заедно со останатите состојки сватете ја во сад.
2.Се заедно добро измешајте додека состојките не се соединат. Ако смесата е премногу сува додајте уште малку маслиново масло.
3.За време на туширањето на мокра кожа нанесете од пилингот и со помош на кружни движења добро изтријте го телото.
4.На крај добро измијте го телото со млака вода.

You must be logged in to post a comment Login