• Сподели на:

Намалете ги порите на лицето, веднаш!

___

Дали имате проширени пори? Дознајте како може да ги минимизирате порите и да го изедначите вашиот тен.

1. Константна грижа

Наследноста и типот на кожата може да бидат дел од причината за вашите проширени пори. Оние кои имаат сува кожа имаат помалку пори на лицето, додека луѓето со масна кожа често имаат повеќе пори. Редовното чистење и соодветните навлажнувачи, дури и на масната кожа, ќе ја намалат појавата на проширените пори.

Лосион за чистење на лицето кој содржи гликолна или салицилна киселина ќе ви помогне во намалување на порите. Одберете го оној кој е доволно нежен за секојдневна уптореба и мијте го лицето наутро и навечер.

13836740547918

2. Рацете настрана

Никогаш не ги притискајте порите! Со притискање може да се предизвика повреда на околното ткиво. Ќе завршите со истите и зголемени пори и грди црвенила.

04guest

3. Регенерација

Постојат креми кои ги пополнуваат порите и можат да го забрзаат процесот на регенерација. Овие третмани ги стимулираат ќелиите за побрзо да создадат нови слоеви кожа. Тие исто така помагаат порите да останат чисти. Кога се формираат нови ќелии, кожата добива помазен изглед и со време порите се намалуваат.

dr-brandt-pore-effect-refining-cream

4. Шминка

Доколку користите шминка секојдневно, одберете лесна безмасна или формула за контрола на маснотиите. Може да забележите дека пудрата се впива во порите, што причинува тие да изгледаат пошироки. Едно олеснително решение е да користите основа пред да ја нанесете пудрата. Основата креира заштита  која на кожата и дава мазна површина и спречува шминката да навлезе во порите и брчките.

brunettes_women_models__faces


Оставете коментар

___